ПРОФЕСИОНАЛНОСТ ОД СЕКОЈ АСПЕКТ
Нова ера во инсталирањето на лифтовите
Дефинирање на стандардите во движењето на патниците во модерните згради
Едноставен, но сепак иновативен процес на монтажа
При монтажа на лифтовите нашата цел е сѐ да биде испланирано, подредено и ефикасно спроведено, како предуслов за тоа секој учесник во процесот да може да си ја заврши работата безбедно и навреме.
Без опструкции на процесот на градба за време на монтажата
Монтажата на лифтот е конфигурирана на начин што овозможува таа да не влијае на текот на работите на градилиштето, што овозможува намалување на трошоците и беспрекорно спроведување на останатите активности кои се одвиваат на вашиот објект.
Безгрижен процес на монтирање во сите негови фази
Наша цел е да Ви ја олесниме вашата работа. Нашите вработени ќе се потрудат процесот на монтажа да помине безгрижно, со што вашиот проект ќе може да биде комплетиран навремено, без дополнителни трошоци и без изненадувања.
Детално планирање
Завршувањето на монтажата на време и во рамки на претходно утврдени ресурси наложува добра подготовка. Доброто планирање ни овозможува да ја завршием нашата работа поефикасно, безбедно и без дополнителни трошоци.
Сѐ што Ви е потребно за побрзо и полесно планирање
Преземете ги сите технички податоци кои Ви се потребни за да испланирате сѐ до најситните детали. Нашите спецификации за лифтовите се лесно достапни за вас.











