Одржување на лифтови
Контактирајте нѐ во врска со одржување на лифт
Контактирајте нѐ во врска со одржување на лифт
Искуство и експертиза во одржувањето
Над 12 години искуство во секторот. Нашата компанија одржува над 650 лифтови месечно.
Достапност на нашите услуги за сервисирање со фер цени. Партнер со 12-годишно искуство во сервисирање и одржување на лифтови
Добијте поголема вредност за вашиот бизнис

Добијте поголема вредност за вашиот бизнис
Нашите лифтови имаат иновативна технологија која ви овозможува да добиете повеќе од секој квадратен метар.

Електрични лифтови
Електричните лифтови кои ги нудиме се дел од нова, модуларна производна гама наменета за мали и средни станбени згради и деловни објекти. Нивната прецизност и најнова технологија овозможуваат безбедно, мирно и комфорно возење.

Хидраулични лифтови
Оптимални за објекти со по неколку спратови, нашата хидраулилчна технологија овозможува комфорни секојдневни возења. Практични и апликабилни во ограничен простор, сигурноста на хидрауличните лифтови овозможува безгрижност за корисниците за време на целиот животен циклус на лифтот.
Трошокот за одржување на нашите електрични лифтови може да биде значително понизок во споредба со оние на конкурентите

Брзо пристигнување по повик
Секогаш достапни, и секогаш блиску до вашиот објект, преку нашата мрежа од локации и сервисери.

Иновативен, индивидуален и флексибилен пристап
Иновативни технологии и традиционален пристап во одржувањето. Ние нудиме соодветен избор на опции во однос на одржувањето.

Помал број на интервенции
Нашите клиенти забележуваат намалување на бројот на пријави за дефекти уште во првата година од започнувањето на нашата соработка во однос на одржувањето.
Лифтови, ескалатори и платформи кои функционираат беспрекорно креираат дополнителна вредност за вас. Нашите производи го овозможуваат токму тоа
Беспрекорно функцинирање на зградата
Висок квалитет во одржувањето на вашите лифтови е предуслов за беспрекорно функционирање на објектот.
Комплетна контрола од наша страна
Избегнете го стресот и грижите кои би ги имале со непредвидливи партнери во однос на одржувањето. Нашите сервисери квалитетно ги завршуваат сите постапки при секоја интервенција.
Секојдневното функцинирање е подобро и полесно со нас
Штом патниците можат да имаат доверба дека лифтовите во вашата зграда се сигурни и безбедни, секојдневното функционирање во објектот станува полесно и пријатно.
Дефинирање на трансферот на патници во модерни станбени и деловни објекти.
Одржување на електрични лифтови
Со или без машинска просторија, со или без трансмисија, секој електричен лифт има потреба од редовно одржување за време на својот животен век. Нашите лифтови добиваат ултимативна грижа и внимание од страна на обучените сервисери. Секој месец тие прават проверка на погонот и секој витален дел, за патниците да бидат безбедни и да уживаат во секое возење со лифтот.
СЕРВИСНИ ИНТЕРВАЛИ
Овозможуваме спроведување на задолжителните месечни проверки.
ДВОЧЛЕНИ ТИМОВИ
Имаме повеќе тимови, составени од искусни сервисери кои се специјализирани исклучиво за сервисирање на лифтови.


СЕРВИСИРАЊЕ НА ХИДРАУЛИЧНИ ЛИФТОВИ
Континуираното одржување е задолжително и неопходно за хидрауличната технологија да функционира беспрекорно, овозможувајќи безбедни и мирни возење во континуитет.
СЕРВИСНИ ИНТЕРВАЛИ
Спроведување на редовни месечни прегледи.
ДВОЧЛЕНИ ТИМОВИ
Имаме повеќе тимови, составени од искусни сервисери кои се специјализирани исклучиво за сервисирање на лифтови.
Индивидуални договори, бенефиции и услуги адаптирани на вашите потреби, по фер цени
Пријавете дефект
Дали имате некаков пролбем со вашиот лифт? Пријавете без одложување.
Проценка на лифтови
Колку лифтови има во вашата зграда? Од кој производител и за каков тип на лифтови се работи? Колку се стари и во каква состојба се?
Модернизација и ремонт
Дали имате потреба од модернизација на лифтот? Какви планови имате во врска со негово унапредување?
Добијте поголема вредност од секој квадратен метар
Водечката технологија на нашите лифтови ви овозможува да добиете максимална вредност од секој квадратен метар.
Реализирајте ја вашата дизајнерска визија
Дизајнот на нашите лифтови ги задоволува барањата на модерните објекти и се вклопува во амбиентот на самиот објект.
Најчести прашања поврзани со одржувањето на лифтовите
Согласно домашната регулатива, секој монтирани лифт, без оглед на типот, динамиката на користење или погонот, мора да биде подложен на редовни месечни сервиси од страна на сертифицирана компанија.
Нашите лифтови доаѓаат со вклучена 3-годишна фабричка гаранција. Евентуалните поправки се бесплатни за време на гарантниот период. Месечните прегледи се плаќаат врз основа на договор за сервисирање кој започнува да важи по пуштањето на лифтот во употреба.
За време на првите 36 месеци, секоја поправка или вградување на резервен дел е покриен со фабричката гаранција. Плаќањето за вакви поправки важи само по истекот на гарантниот рок.
Овие договори вообичаено се склучуваат од страна на фирмите кои управуваат со зградата. Целата комуникација се спроведува преку нив, како и фактурирањето и наплатата на обврските за месечните сервиси.
Бидејќи нашите лифтови се опремени со помошни напонски генератори (UPS uninterruptible power supply) кои се вклучуваат доколку дојде до прекин на доводот на електрична енергија во зградата, многу е ретка можноста патници да останат заглавени во некој од нашите лифтови. Во секој случај, нашиот центар за грижа за корисници работи (24/7) без престан, со цел да помогне на секој патник во секоја можна ситуација.